Search

Трајчевски: Се реконструира улица Радушка, инвестираме во развој на инфраструктурата во Ѓорче Петров

Локалната власт во Ѓорче Петров предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски постојано работат на унапредување на инфраструктурата.

По цели 60 години, улицата Радушка-Црногорска добива нов асфалт.

Започнува реконструкција на улицата во должина од 600 метри, како и изградба на тротоар за побезбедно движење на пешаците.

Со ова ги унапредуваме условите за живот и ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот на жителите на населеното место Дексион.

Претходно, на оваа улица беше изведена и канализациска мрежа со што се реши уште еден долгогодишен проблем на жителите од овој крај на Ѓорче Петров.

За три години, локалната власт предводена од СДСМ, асфалтираше или поплочи над 40 улици низ секое населено место во нашата општина.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на зацртаните проекти, инвестираме во интерес на граѓаните.

Градиме по план, ја развиваме и унапредуваме инфраструктурата во Ѓорче Петров.

Треба да знаете
Последни објави