Search

Трајковски: Читај Никола Груевски, читај и ти Мицко, читајте полека… Има уште…

Читај Никола Груевски, читај и ти Мицко, читајте полека… Има уште…

Зима, јануари 2017, Петровец. Некаде на јужната периферија на селото, на последната крстосница, на аголот, куќарка. Типична селска куќарка. Од далеку делува напуштена. Оградата на повеќе места падната. Дрвените колци, кои, со тек на времето не го издржале налетот на ветриштата, маглите и дождовите, паднале заедно со мрежата. Тогаш го запреле времето. Портата искривена. Мораш да ја подигнеш едната страна за да ја повлечеш, да ја подотвориш за да влезеш внатре во дворот. Таму, неколку кокошки шетаат. Петелот го пробива снегот со клунот како катерпиларите што ја кљукаа “Беко“ за да ја срушат од горе, да најде зрнце пченица во него. Пред влезната врата на трошната куќичка, стреа. Под неа растурени папучи и калливи патики без врвки. Една патика гледа кон вратата друга кон излезот. Тропнав на едното од четирите стакленца кои го обележуваа горниот дел од влезната врата. Излезе старец. Добар ден, рече. Добар ден господине, реков, и се претставив. Јас сум тој и тој од Специјалното јавно обвинителство, го барам господинот тој и тој. Јас сум тој, а од каде рече дека си, со навлажнети очи ме погледна, па иако од прва ме разбра, праша уште еднаш. Повторив и му реков дека треба да се јави на тој датум затоа што е повикан како сведок. Зошто, повторно ме праша. Сте донирале пари за избори на политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, така пишува овде, му реков. Тогаш, од влажните очи на старецот (кој, патем беше помлад од мене), потекоа солзи. Кои пари бе човек? Какви пари? Види, покажа кон дворот и трите кокошки и продолжи со интонација на беспомошник напуштен од светот, ако не ми снесат јајце немам што да јадам, а ти ми велиш дека сум донирал пари за политичка партија? Што сакаш да ти кажам? Што да им кажам на тие таму кај тебе? Ова ќе го кажете, ништо повеќе, му реков. Да, тоа ќе го кажам и сакам да го кажам, самоуверено ми рече бришејќи ги солзите со ракавот од издупчениот џемпер, ќе кажам, тоа ќе го кажам, повторуваше. Само една молба имам, човече, ќе може ли да ме земеш тој ден и да ме вратиш, немам како да дојдам до Скопје. Секако, му реков, и пред да ми насолзат очите се завртев и забрзано зашлапав низ снегот да дојдам поскоро до возилото пред влезната порта…

П.С. Ова е само еден од стотиците примери на службените белешки на специјалниот доставувач во СЈО, преку кои се гледа како и преку кои луѓе партијата на Груевски се финансирала за кампања, за сега, замислете, да го читам како ги опоменува неговите наследници во крим дувлото, да внимаваат да не бидат измамени на изборите во Април. Е мој Никола, бедо македонска. Сите кои и понатаму те подржуваат, се тешки арамии и интересџии, или најобични глупсони, или вакви примери на живи “мртовци” за ти да бидеш власт. Бљак…

Статус на Фејсбук на Борче Трајковски

Треба да знаете
Последни објави