Search

Трајковска: Јапонските цреши на најбрутален начин беа искасапени од СДСМ

Интегрален текст од изјава за медиуми на Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ

„Ова зад мене беше еден од најрепрезентативните дрвореди во Скопје на улица „Максим Горки“. Јапонските цреши кои беа посадени во време кога со Градот управуваше ВМРО-ДПМНЕ, денес на најбрутален начин беа искасапени од страна на градските власти на СДСМ.

Во време кога загадувањето руши рекорди, а граѓаните секојдневно се трујат од воздухот, наместо да се засадат нови дрвја тие ги сечат веќе постоечките.

Местото кое важеше за белег на Скопје, стана место на пустош и мизерија.

Со изговор дека се исушени ова е една од најмасовните сечи на дрвја во центарот на Градот.

Почитувани,

Со овој потег Шилегов и Богдановиќ покажаа дека нивните ставови за заштита на животната средина се лажни и манипулативни, додека ветувањата за разеленување на Градот и општината стана научна фантазија.

Истиве ликови докажаа дека не се кадарни и се тотално неспособни да се грижат за оние работи кои што им ги оставиле нивните претходници.

Шилегов и Богдановиќ се лицемерни. И работат на штета на интересите на граѓаните на општината и на Градот Скопје, и животната средина“.

Треба да знаете
Последни објави