Search

Трамп ќе го објави големиот мировен план за Израел пред посетата на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп конечно ќе го открие својот ‘одличен’ план за мир на Блискиот Исток пред израелските лидери да го посетат Вашингтон следната недела, пренесува РТ. Иако на Палестинците можеби нема да им се допадне, тоа ќе биде добро за нив, рече Трамп.

Трамп долго време навестуваше постоење на план со кој би се решил долготрајниот спор меѓу Израел и Палестинците, наводно создаден од неговиот зет Џеред Кушнер. Сепак, неговото објавување постојано се одложува.

Трамп вчера најави дека има намера да го објави планот пред посетата на техничкиот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и неговиот главен ривал Бени Ганц следната недела во Вашингтон.

„Тоа е одличен план. Тоа е план што навистина би функционирал“, рече Трамп.

Американскиот претседател истакна дека Палестинците можеби на почетокот ќе реагираат негативно, но додаде дека предлогот ќе биде од нивна корист.

Трамп направи неколку потези отворено фаворизирајќи го Израел од стапувањето на должност во 2017 година, вклучително и признавањето на Ерусалим за израелска престолнина и преместување на американската амбасада таму, како и признавање на израелската анексија на Голанската Висорамнина, сириска територија окупирана од 1967 година.

Израел е основан во 1948 година на поголем дел од територијата на поранешната британска администрација Палестина и Трансјордан, при што Јордан и Египет ги зеле териториите што сега се познати како Западен Брег и Појасот Газа.

Израел ги презеде обете области во војната во 1967 година. Одттогаш бројни мировни предлози се обидоа да формираат палестинска држава на тие територии. Ова „решение за две држави“ беше официјална позиција на САД се додека администрацијата на Трамп не ја отфрли во февруари 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави