Search

Трамп најави обелоденување на транскрипт од неговиот втор разговор со Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Белата куќа утре ќе обелодени транскрипт од вториот разговор со претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

Трамп истакна дека документот во подготовка е „многу важен”.

Претседателот ова го изјави денеска во Обединетата воена база Ендрјус во Мериленд, пред да замине за Алабама, каде ќе присуствува на футбалски натпревар.

-Ви го презентирам вториот транскрипт затоа што имав два телефонски разговори со претседателот на Украина, изјави Трамп.

Како што е веќе извесно, телефонскиот разговор со Зеленски стана повод демократите во Конгресот да отпочнат процедура за импичмент на Доналд Трамп. Во разговорот една од темите е истрага за активностите на Хантер Бајден, синот на еден од потенцијалните ривали на Трамп за претседателските избори следната година.

Веднаш по објавувањето на разговорот, Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом, објави истрага за отповикување на американскиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави