Search

Трамп вели дека се чувствува како Супермен по терапијата со „регенерон“

Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на толпата приврзаници на предизборниот митинг во Џонстаун дека се чувствува како Супермен откако беше подложен на експериментален третман за Ковид-19 со антивирусниот лек „регенерон“, пренесува „Њујорк пост“.

„Вакцините доаѓаат наскоро, терапијата и, искрено, лекот. Сè што знам е дека зедов нешто – што и да беше тоа, многу брзо се почувствував добро “, рече Трамп за време на свпјот втор митинг откако неговиот лекар потврди дека е негативен на коронавирусот.

„Не знам што беше тоа, антитела, не знам. Го зедов, реков дека се чувствувам како Супермен. Реков, ‘Пуштете ме!’ ”.

Трамп продолжи да им се заблагодарува на лекарите кои го лекуваа во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“, откако три ноќи беше хоспитализиран во установата во Мериленд.

„Една голема предност да се биде претседател е дека ако не се чувствувате 100 отсто добро, имате повеќе лекари отколку што сте мислеле дека постојат во светот. Бев опкружен со околу 14 од нив! “

Трамп, исто така, се пофали со својот нов имунитет на оваа болест која ги однесе животите на 216. 000 Американци и се закани дека ќе ги бакне сите присутни – без исклучок.

„Тие ми велат дека сум имун! Можев да се симнам и да започнам да ги бакнувам сите, секој маж и жена. Погледнете го тоа момче, колку е убаво. Можев да го бакнам, не баш со многу уживање “, се пошегува тој.

Треба да знаете
Последни објави