Search

Трамп бара европските автопроизводители возилата за американскиот пазар да ги произведуваат во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини за увоз на автомобилите на големите европските автопроизводители, како Бе-Ем-Ве и „Мерцедес”, доколку не отворат свои погони во САД.

– Тие го имаат Бе-Ем-Ве, го имаат „Мерцедес”. Имаат многу добри возила кои влегуваат (во САД). Сакам да ги произведуваат овде. Ако сакате да ги продавате (автомобилите) на Американци, произведувајте ги овде, им порача Трамп на европските автомобилски компании во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк”.

Тој нагласи и дека ги одбил предлозите на Европската Унија, кои предвидувале царините за автомобилите на двете страни „да бидат сведени на нула“.

Треба да знаете
Последни објави