Search

Трамп: Амбасадорката во Украина не сакаше да ја закачи мојата фотографија во амбасадата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја критикува амбасадорката Мари Јованович, која сведочеше во истрагата за негов импичмент, тврдејќи дека таа одбила да ја закачи неговата фотографија на ѕидот во американската амбасада во Украина.

Трамп ова го изјавил за утринската емисија на „Фокс њуз“, притоа не додавајќи повеќе детали за настанот. Тој ја нарекол „жената“ порачувајќи дека слушнал лоши работи за неа.

„Амбасадорката, за која сите велат дека е прекрасна, не сакаше да ја закачи мојата фотографија во амбасадата“, рече Трамп.

Јованович сведочеше минатата недела за тоа зошто била отпуштена поради наводни погрешни тврдења од страна на луѓе со непознати мотиви.

Таа е една од 12-те сведоци кои сведочат изминатите две недели во истрагата за импичмент на Трамп, со која се истражува наводна злоупотреба на службената положба од страна на Трамп.

Треба да знаете
Последни објави