Search

Трамп: Ако треба, војската ќе го изгради ѕидот кон Мексико

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека ако се покаже потребно, американската армија ќе се вклучи во изградбата на ѕидот кон Мексико.

Според него, ова сценарио е возможно доколку за идејата не добие доволен број гласови во Конгресот.

„Ако демократите не ни дадат гласови за безбедноста на нашата земја, војската ќе го изгради ѕидот“, напиша Трамп на „Твитер“ пред средбата со двајца демократи од Конгресот.

Треба да знаете
Последни објави