Search

„Тотал“ одложен, немаше кој да пушта „бомби“ за Латас

Поради летните одмори, во скопска единица има само еден судски информатичар. Тој денеска требаше на рочиштето за предметот „Тотал” на СЈО да ги пушта „бомбите“. Но, поради друга службена обрска информатичарот не дојде на рочиштето, па снимките за случајот „Тотал“ во кој обвинет е новинарот Драган Павловиќ – Латас ќе се објават на следното рочиште закажано за 29 септември.

Во „Тотал“ обвинет е Драган Павловиќ – Латас за затајување данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал медиа центар“ и „Медиамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Треба да знаете
Последни објави