Search

„Топ Ган: Маверик“ ја надмина заработката од една милијарда долари во светската каса

„Топ Ган: Маверик“ на Том Круз постигна уште еден импресивен резултат на кино благајните овој викенд, бидејќи ја премина границата од 1 милијарда долари. Покрај тоа, стана најуспешниот филм на сите времиња на 59-годишниот актер.

Со таа продажба на билети, филмот го собори суперхеројскиот филм на Марвел „Doctor Strange in the Multiverse of Madness“ (943 милиони долари) како филм со најголема заработка на годината на бокс-офисот, пишува „Дејли Мејл“.

„Spider-Man: No Way Home“, кој заработи повеќе од 1,89 милијарди долари, е единствениот друг филм што достигна 1 милијарда долари за време на пандемијата на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави