Search

Топло време, со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста, а во источните делови на земјава ќе има услови за локален и краткотраен дожд со ретки грмежи, особено во планинските подрачја.
Максималната температура се очекува да достигне од 17 до 23 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе достигне до 20 степени.

Потоа во наредните денови следува период на претежо стабилно и суво време, со умерен северен ветер, што ќе предизвика благ пад на температурата.

Треба да знаете
Последни објави