Search

Тодоров за Блумберг: Национализмот ќе опстојува на Западен Балкан се додека е надвор од ЕУ

Национализмот ќе продолжи да опстанува во земјите од Западен Балкан додека не пристапат во блокот, а треба да почнеме со повторното демократизирање на самите партии и обезбедување на широка дебата за да престане концентрирањето на моќ во рацете на еден човек, изјави поранешниот вицепремиер Никола Тодоров за емисијата „Светот е бизнис” на бугарската редакција на Блумберг.

Според него, би било многу опасно и за Европа и за Западен Балкан, ако земјите од регионот не се интегрираат во Европската Унија (ЕУ) и не ги прифатат европските вредности.

-Северна Македонија би имала сериозни проблеми во сферата на безбедноста и политички кризи без интеграцијата во НАТО… Пристапот на земјата во Алијансата дојде во многу важен момент кога зачестија разговорите за размена на територии на Балканот. Еден од проблемите во регионот е поврзан и со животниот стандард и побарувачката на можностите за обезбедување на повисок стандард… Ова е тоа што го измачува обичниот граѓанин, а не историјата или потребата да се разменуваат територии, вели Тодоров.

Тој нагласи дека повисокиот стандард на живеење не значи само повисоки приходи, значи и  држава која се организира и работи нормално според сите стандарди.

Фото: Блумберг

Треба да знаете
Последни објави