Search

Тоа што го правеше ВМРО-ДПМНЕ е практично фашизам, тоа што го прави истата партија и ден денес е анти македонско

Пратеникот од СДСМ, Коста Костадинов на Фејсбук ги коментираше нападите од опозицијата врз премиерот Зоран Заев по неговото вчерашно интервју за БГНЕС.

-Од партија која ја гаеше идеологијата со плукање по Југославија. Од партија која ги смени сите институции, улици, булевари кои носеа имиња на партизаните, борци на НОБ, партија чии челници се школувани и растени во прегратките на Бугарското ВМРО на Каракачанов, до партија загрижена за Југославија. Партијата која ги остави борците без простории, ги селеше од една во друга зграда, партијата која се обиде да го забрани одбележувањето на февруарскиот поход, таква партија не може да биде заштитник на антифашистичката борба.
Тоа што го правеше ВМРО-ДПМНЕ е практично фашизам. Тоа што го правеше и го прави истата партија и ден денес е анти македонско. Суштината на процесот е дека од ништо ние не се откажуваме, тоа времето ќе го покаже. Ќе бидеме Македонци, кои зборуваат Македонски јазик, кои гледаат кон иднината, почитувајки го минатото, но ослободени од бремето вечно да осудуваме, да имаме вечни непријатели…., напиша Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави