Search

„Ти ќе ја предадеш нашата Македонија“ – постери со пратениците се појавија во Грција

Постери со кои се повикуваат грчките пратеници да гласаат против преспанскиот договор во парламентот, осамнаа низ повеќе градови во Грција, пишуваат грчките медиуми.

Постерите се со фотографии од пратениците од редовите на СИРИЗА и Независни Грци, а до нив стои „ти ќе ја предадеш нашата Македонија“.

„Грик рипортер“ пишува дека не е познато кој стои зад кампањата.

Договорот за името се очекува кон крајот на месецот да стигне на ратификација во грчкиот Парламент. Од оваа перспектива, како што пишува „Грик рипортер“, се верува дека владата обезбедила 151 глас потребен за договорот да добие зелено светло, и покрај тоа што партијата Независни Грци (АНЕЛ) која беше коалиционен партнер на Ципрас, се повлече од владата во неделата.

Треба да знаете
Последни објави