Search

Тирана ги обедини политичките партии на Албанците од Прешевската Долна

Албанскиот овластен министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај во Тирана имаше средба со политичките претставници на Албанците од Прешевската Долина, при што успел да ги убеди на српските избори да учествуваат со заедничка листа.

На средбата партиите го потпишаа „Договорот за создавање на заедничка кандидатска листа на албанските политички субјекти за парламентарните избори во Република Србија”.

-Преку потпишаниот договор, првпат, Партијата за демократска акција, Алтернатива за промени, Демократската партија, Движењето за реформи во ДПА и Движењето демократски напредок ќе делуваат според една програма секогаш кога се во прашање националните принципи и прашања од Прешевската долина, пренесува Топ чанел.

Се додава дека потпишувањето на овој договор означува обединување на партиите за да се обезбеди највисока можна застапеност и да се создаде посилна позиција на парламентарните избори во Србија.

Оваа листа, која се заснова на јасни програмски принципи, ќе се вика „Албанска демократска алтернатива – обединета долина”.

На прес-конференција, Цакај го пофали постигнувањето на овој договор.

-Денес албанските политички претставници на Прешевската Долина го дадоа највредниот и најзначаен пример за тоа колку партиските разлики можат да се артикулираат во рамките на еден национален став, рече Цакај.

Тој додаде дека загриженоста на Албанците во Прешевската Долна во исто време е загрженост и на албанската Влада и оти нема да се колеба да ја поддржи заедничката листа.

-Денешното обединување им служи на граѓаните на Долината, но и на Албанците каде и да се, заклучи Цакај, кој по потекло е од Косово.

Треба да знаете
Последни објави