Search

Тинејџер со „голф“ удрил единаесетгодишен велосипедист

На 21.03.2019 околу 11.30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците Мукос и Шаќир Војвода во Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(19) од Прилеп, удрило во 11-годишен  велосипедист од Прилеп.

Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави