Search

Тинејџер со „бмв“ излета од пат кај Стража

На 19.10.2020 околу 21.25 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Стража, А.И.(19) од гостиварско Врањовце, управувајќи патничко возило „бмв”, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Повредениот возач, стои во соопштението, е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави