Search

Тиктокерка говори за врската со 33 години постар партнер

Млада тиктокерка – корисничка на една од најпопуларните апликации за споделување видеа „Тик-ток“ – привлече големо внимание на социјалната платформа со видеата во кои се фали со своето момче.

Но, не се работи за секојдневна врска – Мајкл е 33 години постар од Никол, а коментарите за нивната врска се далеку од убави.

Никол се вљубила во своето момче кога имала 18 години, а во видеата често истакнува дека ужива во неговите подароци како скапи дизајнерски чанти, облека и естетски зафати.

Дека возраста е само бројка и всушност е помалку важно од другите ставки во врската на оваа необична двојка, сега веќе 21-годишната Никол Даунс и нејзиниот 33 години постар партнер, 54-годишниот Мајкл.

Младата девојка од Мичиген (САД) е со него веќе три години, а неодамна стана популарна на социјалната платформа за кратки видеа благодарение на нејзините објави во кои зборува за својата љубов.

Треба да знаете
Последни објави