Search

Тиго Фајнaнс ги отвори вратите на својата 17-та филијала, овој пат за жителите на Струга

 Во согласност со својата стратегија за експанзија на продажната мрежа и поголема достапност на услугите согласно потребите на граѓаните, денеска Тиго Фајнанс ја отвори својата 17-та по ред филијала, овој пат за жителите на Струга.

Имено, стружани од денеска ќе можат да аплицираат за кредит од Тиго Фајнанс и физички во новата филијала во Струга, лоцирана на ул. Пролетерски Бригади 31 (во близина на селската автобуска станица), а љубезните вработени во филијалата ќе осигураат максимална корисничка грижа согласно потребите на заинтересираните клиенти кои имаат потреба за брза исплата на финансиски средства за задоволување на нивните финансиски потреби.

Инаку, до услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или пак во некоја од 17-те филијали ширум земјата, каде аплицирањето е брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.

Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедуваат повисоко ниво на заштита на клиентите.

Повеќе информации за Тиго се достапни на следниот линк https://www.tigo.mk/

 

 

Треба да знаете
Последни објави