Search

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје

На 11.08.2020 во 08.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Мајка Тереза“ и улиците „Тодор Александров“, „Белградска и „Ацо Караманов“, патничко возило „пежо 207“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(46) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Х.М.(44) од Скопје. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави