Search

Тешка сообраќајка на патот Кочани-Штип – повредени 26 лица

Тешка сообраќајка на патот Кочани-Штип – повредени 26 лица

Рано утринава, околу 06 часот и 10 минути на магистралниот пат Кочани-Штип помеѓу селата Чешиново и Кучичино се случила сообраќајна незгода.

Имено сообраќајката се случила помеѓу две комбиња “Фиат Дукато“, со штипски регистерски таблици, “Форд транзит“ со кочански регистарски таблички, како и товарно моторно возило “Сканија“ исто така со кочански регистерски таблици, велат од МВР.

До сега се пријавени 26 лица со повреди и истите биле префрлени во Медицинскиот центар во Кочани.

Сообраќајот се пренасочува преку селото Чешиново.

Треба да знаете
Последни објави