Search

Тешка сообраќајка во Скопје: Со автомобил удриле во семафор, повредени две девојки

Две девојки, од кои една потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 05.30 часот на крстосница од  бул.„Илинден“  со ул.„Никола Тесла“ во Скопје.Од полицијата информираат дека патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(23) од Скопје, удрило во семафор и бетонска жардиниера.

-Од ударот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Н.(22) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила Н.З., се наведува во полицискиот билтен.

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде има била укажана лекарска помош.

Треба да знаете
Последни објави