Search

Тетовец уценувал момче со компромитирачки фотографии, со парите си купувал дрога

На 19.10.2021 околу 16.40 часот на ул.„Борис Кидрич” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(26) од Тетово.

Истиот е приведен поради сомнение дека во повеќе наврати го уценувал 23-годишниот Д.Ш., исто така од Тетово, дека ќе објави компромитирачки информации и фотографии, за што од него подолго време барал и добивал пари. При лишувањето, на Б.Ш. му била пронајдена и марихуана.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирањена случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави