Search

Темелковски: Градењето на добрососедските односи треба да им се отстапи на интелектуалците и бизнисмените, а не на ретроградни политичари

Државниот бугарски универзитет од Софија, Уни БИТ во рамките на одбележувањето на 70 годишнина од својата научна активност, денеска додели призанија на различни профили луѓе со кои има блиска соработка. Меѓу нив се најде и бизнисменот од Македонија, Зоре Темелковски, кој е еден од активните учесници во изминатите 30 години кои несебично се вложуваат во креирањето на политика за добрососедство и доверба на двете соседни земји.

Тој за 24 Инфо вели за да се стекне меѓусебната доверба меѓу Македонија и Бугарија неопходни се честите контакти на луѓето од двете страни, но не само на политичарите, туку и на интелектуалците, бизнисмените, граѓанскиот сектор кои гледаат напред, а не во минатото.

– Историјата со еден народ или нација е наше наследство, но релациите се градат постепено како градење на една куќа. Прво треба да се постават цврсти темели и вредности па потоа да се надградува таа релација нагоре до самиот крај, за крајниот производ на таа релација  да биде едно искрено пријателство засновано на правични заемни принципи и заедничко почитувањеи вреднување. Посебно сум горд на моите релации со Бугарија, а особено на долгогодишното пријателство и релацијата со професорот Денчев за која што се надевам ќе ја продолжат и моите синови градејќи уште подбри односи и релации. Затоа сум посебно горд на ова признание кое вечно ќе го ценам и негувам, им порача Темелковски по добиеното признание од старна на бугарскиот Универзитет, кој поради обврски беше спречен и лично да присуствува на доделувањето на признанијата, но тоа ќе го стори во прва прилика кога ќе ја посети Софија.

Македонија и Бугарија беа на вистинскиот пат да отворат нова страница во меѓусебните односи, кој во последниве денови некои повторно се обидуваат да ги вратат во минатото, кога долги години недоразбирања беа камен на сопнување на двете страни од границата.

-Градењето на добрососедските односи треба да им се препушти на интелектуалците, бизнисмените.. Политичарите, а посебно ретроградните треба да се тргнат на страна. Треба да остават да се надградува трасираниот пат за добрососедство, а не да не враќаат назад. Тоа е време минато, а се обидуваат да го актуелизираат политичари од калибарот на Каракачанов. Луѓето ги препознаваат идеите на интелектуалците и бизнисмените и ги вреднуваат нивните заложби за градење на меѓусебно разбирање и развивање на економијата која е главниот двигател на општественото живеење. Не ги вреднуваат изјавите на Каракачанов за дневно-политичка употреба со кои се сака да не вратат во минатото – вели Темелковски, основачот, а сега почесен претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, за 24 инфо.

Како потег кој го поддржува чекорењето напред кон евро-атланските вредности меѓу двете земји интелектуалците и бизнисмените можат да посочата прекинатиот медиумскиот „мрак“. Со помош на кабелските оператори од двете земји почнаа да се емитуваат телевизиски серии и информативни емисии и сето тоа не треба да се дозволи да се урне преку ноќ, а за што беа потребни децении да се изведе на европскиот пат.

Темелковски верува дека од двете старни на границата има напредни сили интелктуалци како професорот Стојан Денчев, поранешниот министер за надворешни работи Соломон Паси во чие време Бугарија ги оствари евро-атланските интеграции… кои ќе помогнат да се надминат недоразбирањата. Тие се и членови на Атланскиот клуб во земјата, каков е формиран и во нашата, а еден од основачите е и бизнисменот Темелковски.

Драган Николовски

Треба да знаете
Последни објави