Search

Телото за помирување предлага поширока јавна расправа за уставните измени

 

Јавна расправа за нацрт амандманите освен во Скопје да има и во другите градови, предлага работната група за интеграции на интерпартиското тело за помирување, информираше пратеникот, Јован Митревски од СДСМ по завршувањето на седницата на работната група.

„Покрај Скопје, се договоривме јавни расправи да се одржат и во други градови, таму каде што има универзитети како што се Битола, Тетово, Штип. Добро е покрај МАНУ, да се вклучат и други институции, да се добијат различни стручни мислења за продолжување на понатамошните процеси“, рече Митревски.

Инаку, јавната расправа треба да трае пет дена, откако ќе бидат донесени уставните нацрт-амандмани. Процесот за носење уставни измени согласно договорот од Преспа треба да заврши до средината на јануари.

Треба да знаете
Последни објави