Search

Телефонски разговор Димитров- Ауреску: Вклучување на Западниот Балкан во ЕУ одговорот при справување со кризата и последиците

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес имаше телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Романија, Богдан  Ауреску. За денес беше планирана посета на романскиот министер во Скопје, која се одложи заради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19).

За време на разговорот, беa упатени честитки од романска страна, како и искажана благодарност од македонска страна за континуираната поддршка од Романија за европската и евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија, долгогодишни процеси кои во март о.г. беа крунисани со успех –  полноправно членство на Северна Македонија во НАТО на 27 март 2020 г. и донесената одлука на Советот за општи работи на ЕУ на 24 март 2020 г. за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби предизвикани од глобалната пандемија и корона вирусот, предизвиците и можностите за поддршка, при што беше истакната потребата од солидарност и соработка, како и вклучување на Западниот Балкан во ЕУ одговорот при справување со кризата и последиците.

Воедно, Министрите изразија задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработка кои ги карактеризираат со отворен и конструктивен дијалог и заемно почитување. Истакнати беа заедничкиот интерес и заложбите за натамошен развој на севкупните односи и соработка, особено во сферата на економијата и во таа насока беа изразени и очекувањата, во првиот можен иден период да се иницираат и реализираат билатералните посети и средби на како потврда на овие заложби.

Треба да знаете
Последни објави