Search

Тела на двајца алпинисти пронајдени 30 години по нивната смрт на Хималаите

Телата на двајца алпинисти од Исланд, Кристин Рунарсон и Торстен Гуџонсон, се пронајдени на Хималаите по триесетина години од нивното исчезнување, објави Си-Ен-Ен. Телата биле случајно пронајдени од страна на американски турист.

Стив Ејсторп во 1988 година заминал на експедиција на Хималаите со неговите двајца пријатели од Исланд. Нивната цел била да стигнат до врвот на планината Пумори, која е висока 7 161 метар, во близина на Монт Еверест. Стив се разболел за време на патувањето и не можел да го продолжи патот, но ги охрабрил неговите пријатели да продолжат и да се обидат да ја достигнат целта.

Кога оздравел и стигнал до нивниот камп, не видел никој во црвените шатори. Тој се обидел да ги контактира пријателите, но тие не одговориле на повиците. Тој смета дека, според положбата на нивните јажиња, тие се обиделе да се искачат до самиот врв кога се случила несреќата.

Во џебот на едниот алпинист бил пронајден филм од фотоапарат. Експертите сега работат на негово развивање. Пријателите и членовите на семејството се надеваат дека фотографиите можат да откријат што точно се случило.

Верувам дека откривањето на телата на нашите драги пријатели повторно ги растажи сите оние кои ги сакаа. Но, тоа, исто така, нè поврза и се надевам дека ќе ни помогне со текот на времето да се помириме со овој немил настан“, рекол Стив.

Телата на загинатите алпинисти се однесени во Катманду каде што ќе биде кремиран. Нивната пепел потоа ќе биде испратена на семејствата во Исланд.

Девојката на Кристин била бремена кога тој заминал на Хималаите. „По пет месеци откако дознавме дека тој загинал на експедицијата, на некој начин ни се врати. Неговиот син е слика на неговиот татко“, рекол таткото на Кристин.

Треба да знаете
Последни објави