Search

Тајсон Фјури останува без пораз

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури оствари изненадувачки тешка победа над Ото Валин на меч што се одржа во Лас Вегас. „Циганскиот крал” победи на поени (116-112, 117-111, 118-110) против цврстиот Швеѓанец по 12 исцрпувачки рунди што ја оставија публиката без здив.

Ова е 29-ти успех во професионалната кариера на Фјури од вкупно 30 натпревари. Тој продолжува да е непобедлив, а единственото негово рем е против Дионтеј Вајлдер кон крајот на минатата година. Двајцата се очекува да се борат повторно во февруари 2020 година.

Поразот е прв за Валин во професионалниот рингпо 20 победи досега.

По објавувањето на одлуката на судијата, двајцата си поделија комплименти, а Фјури рече дека со нетрпение го очекува натпреварот со Вајлдер.

Треба да знаете
Последни објави