Search

Тачи: Тврдоглавоста на Курти го носи Косово во изолација и ги расипува односите со САД

Косовскиот претседател Хашим Тачи го нарече премиерот Албин Курти тврдоглав и го обвини дека со своите дејствија го води Косово во изолација и ги расипува односите со Соединетите Американски Државијави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи преку својата страница на Фејсбук порача дека упорното одбивање на Курти да ја укине таксата од 100 отсто им нанесува штети на стратешките интереси на земјата.

– Тврдоглавоста, недостигот на паметни дејствија и одлуки, ја продлабочи изолацијата на Косово и значително ги расипува нашите специјални односи со САД. Останувањето во сила на таксата е сериозна пречка и ги оневозможува стратешката соработка и новите силни американски инвестиции во Косово, Затоа, потребата од итно донесување на потребните одлуки беше главното барање и порака на средбата со државниот секретар (Мајк) Помпео и советникот за национална безбедност (Роберт Ц.) О’Брајан, напиша Тачи, кој деновиве престојуваше во официјална посета на Вашингтон.

Претседателот на државата го повика политичкиот спектар во државата да ги донесе „потребните стратешки одлуки” и со тоа да стават крај на изолацијата.

– И мое  јасно барање како претседател, упатено до владата, до политичкиот спектар и пред сé до граѓаните на Косово е неодложно да се донесат потребните стратешки одлуки, кои ѝ ставаат крај на изолацијата, ги отвораат можностите за дијалог за постигнување конечен договор и ги јакнат постојаното пријателство и стратешката соработка со САД, напиша Тачи, заклучувајќи дека тоа е „единствениот пат за постигнување на државните и стратешките интереси” на Косово.

Треба да знаете
Последни објави