Search

Таткото на Асанж: Тој наскоро ќе биде доволно добар да ја напушти затворската болница

По наглото губење на тежината, Џулијан Асанж се стабилизира и тој наскоро ќе биде доволно добар да ја напушти затворската болница, изјави неговиот татко Џон Шиптон, откако го посети вчера во затворот Белмарш во Лондон.

Основачот на Викиликс пред неколку недели беше преместен во медицинското одделение во затворот по изненадно и драматично губење на тежината поради болест, пишува „Сиднеј Морнинг Хералд“, не наведувајќи за каква болест се работи.

Треба да знаете
Последни објави