Search

Тамп сака да ги укине субвенциите за најголемиот американски производител на автомобили

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека Белата куќа ја разгледува можноста за укинување на субвенциите за компанија „Џенерал моторс“ (GM), бидејќи најголемиот американски производител на автомобили најави затворање на пет фабрики во Северна Америка и отпуштање на илјадници работници.

Трамп го критикуваше GM затоа што не ги затвора фабриките во Мексико и Кина.

„Американската влада го спаси „Џенерал моторс“, а ова изгледа е благодарност за нашиот труд“, напиша Трамп на „Твитер“ и најави дека неговата администрација размислува за укинување на субвенциите за сите возила на оваа компанија, вклучувајќи и електрични.

Вредноста на акциите на „Џенерал Моторс“ паднаа по твитот на Трамп.

Работните места, како што наведува „Гласот на Америка“, би можеле да загубат и до 14.000 работници на „Џенерал моторс“ во Северна Америка – или речиси 15 проценти од работната сила на компанијата.

Меѓу другото, ќе се затвори фабриката во Детроит, една во близина на Балтимор и една во канадската провинција Онтарио.

Џери Дијас, претседател на канадскиот синдикат на роботници од „Џенерал моторс“, изјави: „Нема да ни ги затворат фабриките без голема борба“.

Џенерал моторс“ ја оправдува својата одлука со променетите услови на пазарот и намалената продажба на традиционалните модели.

Поради тенденцииге на пазарот, компанијата ќе престане со производство на шест модели на патничи автомобили, меѓу кои „шеви круз“, „импала“ и „волт“.

Трамп беше фрустриран од одлуката на директорот.

Треба да знаете
Последни објави