Search

Таксист навредувал, па прегазил полицаец

Во Дубровник 30-годишен таксист нападнал вербално полицаец, а потоа го прегазил со автомобилот, бидејќи го запрел поради направен сообраќаен прекршок. Осомничениот таксист прво му се нафрлил вербално на полицискиот службеник, го навредувал и омаловажувал, по што со автомобилот тргнал во правец кон него поминувајќи му со тркалата преку стопалата од нозете.

По овој инцидент таксистот се дал во бегство со автомобилот притоа правејќи низа прекршоци. Полицијата брзо го пронашла и го привела. Таксистот е сместен во притворското одделение во полициска станица во Дубровник.

 

 

Треба да знаете
Последни објави