Search

Судскиот совет отвори постапка за разрешување на Панчевски

Судскиот совет отвори постапка за разрешување на судијата и поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски, дознава неофицијално СакамДаКажам.

Бидејќи постапката е тајна, на денешната седница на Судскиот совет е формирана комисија со известител, која треба да ги преиспита сомневањата за Панчевски и да даде предлог за негово разрешување. Постапката членовите на Советот ја отвораат самоиницијативно, за местења на предмети кај судии подобни за него и за функционерите од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и за други злоупотреби со системот за електронска распределба на предметите (АКМИС).

Скопското обвинителство две години води истрага против Панчевски, а доказите за злоупотреби со АКМИС-от Обвинителството веќе ги дало на вештачење.

 

Треба да знаете
Последни објави