Search

Судот го одби барањето на австралиската влада за одложување на сослушувањето на Ѓоковиќ

Како сензација во австралиските медиуми беше оценето барањето на министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјус, за дополнително време да се подготви за сослушувањето на Новак Ѓоковиќ во случајот со одбивањето виза на најдобриот тенисер во светот.

„Хералд сан“ тврди дека има информации дека Ендрјус го поднела барањето во саботата во доцните попладневни часови по локално време. Како што се наведува, таа побарала рочиштето наместо за понеделник да се одложи за среда (пет дена до почетокот на Австралија опен), но на тоа барање се пожалиле адвокатите на Ѓоковиќ.

Судијата што го води овој предмет го одбил барањето за одложување на рочиштето.

Адвокатот на Ѓоковиќ, Џастин Квил, рече дека потегот на Ендрјус очигледно е само „за предизвикување дополнителна врева“, бидејќи властите очекуваат пораз во спорот.

„Очигледно, тие сега мислат дека тоа е многу повеќе од она што го мислеа на почетокот. Сега на министерството е да одговори и да ги достави своите писмени докази, рече тој.

Медиумите објаснуваат дека министерката била принудена да побара одложување откако адвокатскиот тим на Ѓоковиќ во саботата вечерта поднел нов правен поднесок до судот. Адвокатите на Новак тврдат дека тој ги исполнил сите услови пропишани со државните документи за влез во земјата без карантин, но дека државата не го водела целиот процес како што треба.

Рочиштето е закажано на полноќ по македонско време.

Најдобриот светски тенисер доби медицинско изземање од вакцинирањето против ковид-19 за да може да игра на турнирот. Сепак, по доаѓањето во Мелбурн во средата, визата му беше одбиена поради процедурална грешка и тој оттогаш престојува во имиграциски притвор во хотел и утре се соочува со депортација.

Во меѓувреме, конечно се огласи и првиот човек на Тенис Австралија, кој исто така е директор на Австралија опен.

Од првиот момент рековме дека приоритет е безбедноста на жителите на Австралија, и дека ќе ги заштитиме од оние што доаѓаат од странство. Па затоа баравме сите кои ќе дојдат да бидат вакцинирани. На УС опен, само 50% од тенисерите и тенисерките што настапија беа вакцинирани, сега за Австралија опен, бројката е 97%“, вели Крег Тили.

Според него, постои и процес за медицинско изземање и тука имаше многу контрадикторни информации, премногу конфликтни информации.

-Постојано баравме појаснување на условите со цел приоритет да биде здравјето на сите. Не само тенисерите, и обичните луѓе што доаѓаат во Австралија можат да побараат медицинско изземање. Постојано соработувавме со владата на државата Викторија, две комисии ги разгледуваа апликациите и само мал број тенисери и тенисерки добија медицинско изземање. Би сакал да го видам Новак Ѓоковиќ како игра на Австралија опен, вели Крег Тили .

Треба да знаете
Последни објави