Search

Судијката предупреди: Ова е последно одложување на судењето за „Тортура“

Рочиштето за случајот „Тортура“ денеска повторно беше одложено поради болест на обвинетиот Филип Атанасов, за кој одбраната достави писмена лекарска потврда. На рочиштето присуствуваше оштетениот Љубе Бошкоски, првообвинетиот Сашо Мијалков како и обвинетите Новица Станковски, Петар Милошевски и Јован Гоцевски.

Судијкатата пред обвинетите и оштетениот изјави дека ова е последно одложување на рочиштето и доколку се случи следен пат ќе има раздвојување на постапките.

Расправата е одложена за 9 јули. Минатото рочиште беше одложено поради болест на обвинетиот Новица Станковски. Обвинетите во овој случај се гонат од страна на Специјалното јавно обвинителство за извршена тортутра при приведувањето на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Треба да знаете
Последни објави