Search

Судијата се извини,но Милан беше оштетен за чист гол за победа

И тоа го има во фудбалот, а посебно во Италија. Имено судиската организација во таа земја и официјално му се извини на Милан за скандалот што се случи синоќа на мечот со Специја. Да се потсетиме, се играше финишот на тој натпревар, Милан постигна гол за 2:1, но судијата Марко Сера од Торино, истиот го поништи и покажа дека претходно имало фаул врз еден фудбалер на Милан, врз Анте Ребиќ.

Тренерот на Милан откри дека судијата Марко Сера им се извинил на неговите фудбалерите поради поништувањето на голот за победа, која потоа се претвори во пораз.

Шокатна одлука која просто го згрози целиот фудбалски свет, посебно фановите на гигантот од Милано. Овој клуб се бори за титулата во Серија А, а по вчерашниот пораз би можел да остане без неа. Па така откако резултатот беше 1:1, во последните мигови од мечот гостирте постигнаа гол и славеа на „Сан Сиро“. Тоа значи дека Милан место три бода, не освои ниту еден.

Главниот на судиите во Италија, Џанлука Роки веднаш го суспендира Сера, но бадијала, Милан остана без големи три бода.

Треба да знаете
Последни објави