Search

Судијата не дозволи медиумите да го снимаат Груевски во судницата

Судијата не дозволи медиумите да го снимаат Груевски во судницата

Во Kривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Траекторија“. Судијата, Горан Бошевски кој претседава со советот не им дозволи на медиумите да направат снимки од обвинетите во судницата, иако за тоа се издадени уредни дозволи од Врховниот суд.

На денешното рочиште во судот треба да бидат пуштени преостанатите бомби на Специјалното јавно обвинителство.

„Траекторија“ е предмет на СЈО, во кој обвинети се експремиерот Никола Груевски и ексминистрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски за злоупотреби при изградбата на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Освен нив, во случајот е обвинет и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се обвинети за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувањето. Обвинети се дека во 2012 и 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници ги пречекориле и искористиле своите овластувања, и со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155.117.172 евра

Треба да знаете
Последни објави