Search

Судир меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Бејрут

Либанските безбедносни сили во Бејрут користат водни топови против демонстрантите што фрлаат камења веќе втор ден по ред.

Тоа се едни од најтешките судири меѓу полицијата и демонстрантите од почнувањето на демонстрациите против владејачката елита во октомври, објави „Ројтерс“.

Судирот ескалира во близина на парламентот, еден ден по повредувањето повеќе од 370 лица, што е најголем број жртви од почетокот на протестите, соопшти агенцијата.

Либанските политичари не успеаја да се договорат за новата влада или план за спасување на економијата по поднесувањето оставка на Сад ал-Харири на местото премиер во октомври, поттикнат од протестите против корупција во земјата и лошото управување.

Демонстрантите извикуваа „Револуција“, а некои од нив ги каменуваа безбедносните сили.

Треба да знаете
Последни објави