Search

Судењето за 27 април одложено за понеделник

Судењето за 27 април ќе продолжи во понеделник, откако денеска во Основниот суд Скопје 1 беше одложено рочиштето на кое Основното Јавно обвинителство требаше да ги даде завршните зборови.Причина за одложувањето е што дел од обвинетите кои побарале амнестија не ги добиле решенијата.

– Дел од барањата беа уважени и се правосилни, дел од барањата не се правосилни. За обвинетиот Горан Ѓошевски Леви во барањето има грешки и истото е вратено во Кривичен совет, а Мунир Пепиќ бара јавна седница во Апелациониот суд за жалбата дека не добил амнестија. Додека решенијата не станат правосилни нема да има рочиште. Наредното е на 21 јануари. За дебес беа отповикани сите барања за обвинетите кои се во куќен притвор, но за наредното ќе видат спроведени- рече судијката Добрила Кацарска.

На денешното рочиште дојдоа ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, началникот во МВР за специјални операции, Душко Лазаров, Горан Ѓошески, Оливер Поповски, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ и Абдулфета Алими.

(Д.В.)

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави