Search

Сугарески побара поддршка од ЕУ за инфраструктурните проекти

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој присуствува на вториот Министерски совет на ЕУ за Западен Балкан што се оддржува во Брисел во рамки на Договорот за основање на Транспортната заедница побара поддршка од ЕУ за инфраструктурните проекти.

Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски достави Апликација за инвестициски грант во износ од 5.136.000 евра за изградба на заедничката станица со Република Србија. Искрено, се надевам дека Апликацијата ќе биде одобрена од страна на Управниот Комитет на ВБИФ, по што ќе започнат постапките за избор на изведувач и надзорен инжењер. Соглано планот за набавки, се предвидува градежните работи да започнат до средината на 2020 година”, потенцираше министерот Сугарески.

Во своето обраќање пред присутните, тој ја истакна важноста од примената на Договорот за основање на транспортна заедница, како основа за поврзување на Европската Унија и земјите од Западен Балкан а кој Договор е во насока на економска соработка и интеграција на транспортниот сектор на земјите од регионот во оној на Унијата.

Како посебен сегмент на кој се посветува големо внимание е безбедноста на патиштата, потенцираше министерот Сугарески. Тој пред министерите, ги презентираше проектите кој ги работи Министерството за транспорт и врски во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Министерот посебен осврт даде на инфраструктурните проекти што се реализираат на Пан Европските Коридори 8 и 10.

Во рамки на Самитот, министерот оставри и средба со Еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, на која средба се разговарше за поддршката на ЕУ за инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија. Покрај министерот Сугарески, на Самитот присуствуваат и министерите за транспорт и инфраструктура на земјите од Западен Балкан.

Треба да знаете
Последни објави