Search

Суарез кажа кои напаѓачи би ги донел во Барселона

Фудбалерот на Барселона, Уругваецот Луис Суарез кажа кои тројца напаѓачи би ги донел во клубот за кој што настапува веќе пет години.

– Има млади напаѓачи кои сакам да ги гледам како играат. Еден од нив е Абрахам од Челси, кој има одлична реализација, и се движи добро. Не дека е Уругваец, но и Макси Гомез е играч со карактеристики кои треба да ги има добар напаѓач. Истотака и Лаутаро Мартинез покажува високо ниво, истакна Суарез.

Тој планира кариерата да ја заврши после Мундијалот во Катар во 2022 година, но уште е рано да се прават конкретни планови, бидејќи не се знае што може да се случи во следните две-три години, а ја исклучува можноста да работи како тренер. 

Треба да знаете
Последни објави