Search

Струмичанец нападнал девојка, па при апсењето натепал полицаец и побегнал

На 22.01.2020 во 21.10 часот во Полициската станица Струмица, Д.М.(24) од Струмица пријавила дека околу 18.45 часот во близина на спортската сала „Партизан“ во Струмица и се доближило едно лице и почнало да ја допира по телото, по што побегнало. Во 22.45 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица на плоштадот во Струмица го препознале лицето и при обид да го лишат од слобода, тој физички нападнал еден од полициските службеници и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави