Search

Струмица Никоб продолжува во Купот на ЦЕВ

Одбојкарите на Струмица Никоб ги продолжуваат европските настапи во Купот на ЦЕВ. Синоќа не успееја во вториот натпревар од Лигата на шампионите на ЦЕВ против холандскиот шампион Динамо Апелдорн да обезбедат пласман во второто коло, иако ја анулираа предноста од првиот меч, но не успееја да го освојат„златниот сет” и да продолжат понатаму.

– Покажавме дека имаме екипа за високи дострели. Успеавме да направиме пресврт по водството на гостите од 1:0 во сетови и да поведеме со 3:1. Сепак, во петтиот, „златен сет”, направивме повеќе грешки, а клучно беше при резултат 9:9 кога гостите поведоа со 11:9, што беше решавачко. Се надевам дека во следните настапи во Купот на ЦЕВ ќе ги оправдаме очекувањата и резултатски многу подобро ќе поминеме, изјави тренерот на Струмица Никоб, Кирил Ричлиев.

На 14 октомври, во рамки на Купот на ЦЕВ, струмичани ја пречекуваат екипата на Мурсија од Осиек, Хрватска,а реваншот е седум дена подоцна.

Треба да знаете
Последни објави