Search

Строго шестдневно затворање стапи на сила во Јужна Австралија

Почна едно од најсилните затворања во Австралија, бидејќи Владата ги забрани сите собири на отворено, вклучително и свадби, погреби, испораки на храна, со цел да се запре ширењето на вирусот во државата Јужна Австралија.

Фотографиите на социјалните мрежи ги покажуваат празните улици на Аделаида, главниот град на Јужна Австралија.

Државата со 1,8 милиони жители забележа 23 нови случаи откако неодамна се појави ново жариште.

– Нема пријавено нови случаи во четвртокот, но 3.200 лица се во карантин, бидејќи биле во контакт со заразените, изјави Никола Спуриер, шеф на здравствената служба на државата.

Властите воведоа шестдневна блокада, додека државниот премиер објасни дека засилените мерки се должат на патник кој се вратил од Велика Британија.

– Требаше да ја воведеме оваа екстремна мерка, исто така важна интервенција, за да го запреме почетокот на ширењето на короната, изјави премиерот Стивен Маршал за националната телевизија АБЦ.

Тој додаде дека Австралија била погодена од многу незгоден вид на коронавирусот.

– Овој тид воопшто не покажува симптоми кај луѓето кои се заразени, додаде тој.

На прашањето дали се доволни шест дена, Маршал рече дека експертите го информирале дека тоа е вистинската мерка.

Треба да знаете
Последни објави