Search

Страшевски повикува на обединување на ВМРО-ДПМНЕ и масовни протести со или без актуелното раководство

Адвокатот Јовица Страшевски денеска пред централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи прес конференциј на која ќе ги повика сите членови на партијата да се обединат и да почнат масовни протести, со или без актуелното раководство на партијата.

-Почитувани БРАЌА И СЕСТРИ ЧЕСНИ ВМРОВЦИ. Сите ние кои ја сакаме МАКЕДОНИЈА! ВЕ ПОВИКУВАМ  денеска во 13 часот на обединувачки собир пред централниот штаб на ВМРО ДПМНЕ во Скопје, најголемата и најмоќната партија во Република Македонија. Мотивот е да го разбудиме и поведеме членството на  масовни протести да ја срушиме оваа ненародна власт.Ова раководство на ВМРО ДПМНЕ ќе ја има таа шанса да направи масовни протести или не?! Ако тоа не го направи ова раководство на ВМРО ДПМНЕ ќе го направиме ние без нив. ЕДНА ИДЕЈА ВМРО, ЕДЕН НАРОД, ЕДНО ИМЕ, ЕДНА ДРЖАВА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, пишува Стражевски во повикот.

Треба да знаете
Последни објави