Search

СТРАТУМ Р&Д: Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципира од граѓаните како победничка коалиција и има стабилна предност

Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципира од граѓаните како победничка коалиција и има стабилна предност (31%) во однос на ВМРО-ДПМНЕ (27%) пред вонредните парламентарни избори на 15 јули, објави агенцијата СТРАТУМ Р&Д.

-Согласно општествените случувања во Република Северна Македонија, поточно одржување на Предвремени парламентарни избори, агенцијата СТРАТУМ Р&Д спроведе сопствена телефонска анката на репрезентативен примерок од 900 испитаника (150 испитаника по Изборна единица) во периодот на првата недела од јули односно од 1ви до 6-ти јули 2020. Испитаниците беа бирани на фиксни телефони во домовите со удел од 60%, а 40% согласно запазување на квотите за репрезентативност на примерокот беа бирани на мобилни телефони.  Прашањата во оваа анкета се операционализирани како варијабли – ставовите на граѓаните кон општествено социјално и политичкото функционирање на државата, велат од агенцијата.

КЛУЧНИ НАОДИ од анкетата се:

  • Овие избори ќе се одржат во најкомплицирана состојба од аспект на психосоцијална и економска состојба на бирачите
  • Таа комплицирана состојба се рефлектира и во расположенијата на граѓаните кон сите теми
  • Евалуациите се претежно негативни на сите теми, проблеми и аспекти на социјално економското функционирање. Скоро и да нема евалуација која ја надминува просечната вредност од 3, барем неутрално да се изјаснат
  • Гласачките определби одат во корист на СДСМ но, сепак со напомена дека разликата не е статистички значајна
  • Значајна разлика се јавува во перцепција на победничка партија каде СДСМ од 5% испитаници повеќе е перципирана како партија која ќе формира Влада по изборите
  • Во однос на платформата на ДУИ за Премиер избран врз национална основа, значајно висок % на испитаници, над 70, сметаат дека РС Македонија не треба да вопостави критериум за избор на Премиер врз национална основа
  • Во моментов, најголем број од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за коалицијата СДСМ БЕСА, 2% помалку од нив изјавиле дека ќе гласаат за Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Иста разлика од 2% има помеѓу албанските партии ДУИ и Алијанса на Албанците.
  • Перцепцијата на победничка партија влијае на изборниот резултат а од податоците се гледа дека Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципираат како победничка коалиција и оваа разлика е статистички значајна споредено со определбите во моментов каде разликата е во ранг на грешката поврзана со големина на примерокот
  • Се забележува поларизираност на граѓаните па така 44% сметаат дека мерките треба да се олабават затоа што економијата е најважна а 41% дека треба да се воведат построги мерки затоа што здравјето е најважно.

-Од сето претходно изнесено може да се заклучи дека нѐ очекува период полн со неизвесности  во однос на многу идни случувања и со мала сигурност дека сепак оптимизмот ќе внесе нова димензија во функционирањето, велат од СТРАТУМ Р&Д.

Треба да знаете
Последни објави