Search

Стратегијата за концептот „едно општество и интеркултурализам” на владина седница

Владата на денешната редовна 162. седница ќе ја разгледа Информацијата за изготвување на Предлог-националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализм и ќе ја стави на усвојување Националната стратегија и Акцискиот план за спроведување за 2020-2022 година.

На дневен ред се и информациите за координација на активностите за изработка на среднорочна стратегија за општествена одговорност на Република Северна Македонија, за спроведување на националната стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023, како и за прифаќање на организирањето и спроведувањето на вежбата на земјите членки на НАТО за координиран одговор при катастрофи за која идната година домаќин треба да биде Република Северна Македонија.

Пред Владата се и Предлог – програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година, на предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое за оваа седница ќе ја презентира и информацијата со Предлог – програма за изменување и дополнување на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

Треба да знаете
Последни објави