Search

Страотна судбина на мигрантите: Момче пронајдено како едвај дише со расечен врат во прегратките на својот починат татко

Десетгодишно момче e пронајдено едвај живо, со расечен врат како лежи во рацете на починатиот татко во сојузната држава Веракруз во Мексико. Ужасниот настан ја шокираше Америка, а вознемирувачките фотографии објавени на Си-ен-ен покажаа дека момчето на вратот има долга рана од 7 сантиметри. Трагедијата на најлош можен начин го илустрира очајот на многу луѓе од Централна Америка.

Таткото и момчето од Гватемала биле нападнати од членови на картели додека патуваа низ Веракруз во Мексико на нивниот пат кон САД, изјави претседателот на мексиканската организација за борба против човековите права Раул Хернандез. Момчето Кристијан (10) и неговиот татко Руди (37) го напуштиле домот на 28 мај годинава во потрага по подобар живот. Со нив патувале и братот на Руди и неговиот син тинејџер. Тие му платиле на криумчар на мигранти за да го однесе во САД, но тој ги оставил во Мексико, каде што биле киднапирани од припадници на нарко картелот Лос Зетас.

Пабло Оједа Карденас од Министерството за внатрешни работи во мексиканската држава Моралес изјави дека киднаперите, наводно, се јавиле на семејството на киднапираните во САД и побарале откуп од 12.000 долари. Семејството успеало да собере 8.000 долари, но киднаперите повеќе не им одговориле.

Неколку дена подоцна, на 6 јули, Кристијан и неговиот татко биле пронајдени како лежат на патот, оставени да искрварат до смрт. Таткото Руди починал наскоро, додека неговиот син бил пронајден каков едвај дише. Мексиканските власти објавија дека вујкото и неговиот син успеале да избегаат и се безбедни. Кристијан бил префрлен во болницата каде што му е обезбеди целосна лекарска грижа. Тој бил опериран и според медиумите се опоравува. Исто така добива и психолошка помош.

Треба да знаете
Последни објави