Search

Странка на демократска акција на Македонија е приврзана на прогресивните политики, владината коалиција е стабилна

Ја информираме јавноста дека Странка на демократска акција на Македонија е приврзана на прогресивните политики, кои ги остваруваат стратешките цели на Република Северна Македонија, демократскиот развој на општеството и интересите на граѓаните, велат од партијата.

„Владината коалиција е стабилна. Развојот и напредокот на Северна Македонија е нашата највисока заедничка цел. Странка на демократска акција на Македонија, како најголема политичка партија на Бошњаците е дел од прогресивната коалиција.

Северна Македонија ќе продолжи напред со стабилна Влада по демократскиот и европскиот пат. Демократијата и европските интеграции немаат алтернатива“, пишува во партиското соопштение.

Треба да знаете
Последни објави